Морничаво: Француска пекара користи бизарна состојка за правење леб!

Француска пекарка има посебен рецепт за леб. Имено, таа додава урина од жени кои ги собира од јавни тоалети!

Луиз Раге рекла дека урината е одлично природно ѓубриво.

„Урината е всушност целосно запоставена течност која воглавно се фрла. Содржи азот, калиум и многу други хранливи материи. Треба да ја третирате како злато“, рекла пекарката.

За урината да не влијае на вкусот, ја заблажува и разредува пред да ја полее врз лебот, кој потоа го става да се пече.

Таа истакнува и дека е ‘екофеминистка’, односно е дел од социјалното и политичко движење кое ги поврзува екологијата и феминизмот, па тоа е една од главните причини зошто одлучила да ја користи оваа бизарна состојка. 

InterServer Web Hosting and VPS