Благодарение на мачка дошла до наследство од 2 милиони фунти

Венетиа Муреј од Велика Британија станала побогата за два милиони фунти, откако мачката на нејзиниот адвокат случајно турнала куп документи од масата и така открила за тестаментот на нејзиниот брат.

Нејзиниот брат Деан Брунт починал во несреќа во 2007-та година и се верувало дека не оставил тестамент.

Нејзиниот дел од фармата кој бил во сопственост на Деан, Венетиа и нивниот брат Дале, во вредност од 6 милиони фунти, ѝ припаднал на нивната мајка, а таа му го препуштила на Дале, пренесува „The Sun“.

Ванеса подоцна открила дека Деан сепак напишал тестамент, а тој се појавил меѓу документите кои мачката ги турнала од адвокатската маса. Иако Дале и неговиот адвокат се обиделе да го оспорат тестаментот, Врховниот суд во Лондон го признал и Ванетиа добила половина од делот на Деан во фармата која сите тројца ја наследиле од нивниот дедо Артур. 

InterServer Web Hosting and VPS