Стопанската комора за туризам со конкретни барања за поддршка од државата

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) бара посебни мерки за поддршка од државата поради ситуацијата со коронавирусот. Барањата кои се веќе доставени до Министерство за економија, ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

„Засегнати од целокупната ситуација со здравствената криза која продолжува, но и поради последиците кои ги чувствуваме како сектор од затворените граници, ограничените движења за патување, откажаните резервации до крајот на 2020 година, оневозможени да ја извршуваме својата основна дејност, изготвивме барање со посебни мерки до државата кои треба да му дадат поддршка на секторот до крајот на годинава“, наведува Комората.

InterServer Web Hosting and VPS