Ковид-19 се шири во затвор во Црна Гора

Мерка за самоизолација е одредена за 29 службеници од Црногорската управа за извршување на кривични санкции (УИКС) и деветмина затвореници.

Затворениците кои се разболеле биле во контакт со заразени службеници, објави денеска портпаролот на таа администрација, Небојша Јанковиќ.

Тој објасни дека биле тестирани двајца службеници кај кои потврдено е присуство на инфекција, додека другите ќе бидат тестирани доколку се појават симптоми на болеста.

„Во моментов, 29 службеници на УИКС се во изолација. Мерка за изолација е изречена и за девет уапсени лица, кои биле во контакт со заразените службеници“, рече Јанковиќ во утринската програма на ТВЦГ.

Посочи дека континуирано се следи здравствената состојба на уапсените лицата кои се во изолација, а во случај на симптоми, тие ќе бидат тестирани.

Инаку, во УИКС сместени се 973 лица, 626 затвореници и 347 во притвотор.

InterServer Web Hosting and VPS