Меркел и Макрон домаќини на разговорите меѓу Белград и Приштина

Веста за планираниот состанок беше објавена на крајот на март, со индикација дека ќе се одржи кога ќе бидат исполнети условите за продолжување на дијалогот и за надминување на кризата со ковид-19. Германската канцеларка Ангела Макрон и францускиот претседател Емануел Меркел во заедничко соопштение објавија дека средбата треба да се одржи во Париз со учество на лидерите на двете страни, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти. Покрај нив учество ќе земат и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Српскиот претседател Вучиќ требаше да се состане со претседателот на Косово Хашим Тачи во Белата куќа на 27 јуни во нова рунда дијалог на кој посредуваше специјалниот американски претставник Ричард Гренел. Средбата не успеа по објавувањето на обвинителниот акт против Тачи од страна на Специјалното јавно обвинителство во Хаг.Вучиќ досега не се состана со Хоти, кој стана косовски премиер на 3 јуни.

InterServer Web Hosting and VPS