Австралија го намалува бројот на граѓани кои можат да се вратат во земјата поради зголемување на бројот на новозаразени

epa08538069 Police stop motorists crossing the Qld-NSW border to check to for permits at Griffith Street checkpoint at Coolangatta on the Gold Coast, Queensland, Australia, 10 July 2020. Queensland started welcoming visitors back, except those from Victoria state after a spike in coronavirus disease (COVID-19) infections forcing Melbourne into a second lockdown. EPA-EFE/ALBERT PEREZ AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралија секоја недела ќе го преполови бројот на граѓани на кои ќе им биде дозволено да се вратат дома од странство, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Во државата Викторија во последните 24 часа регистрирани се 288 нови случаи на коронавирусот што е рекордно дневно зголемување за кој било дел од земјата од почетокот на пандемијата. Тоа ги зголеми стравувањата за можно пренесување во заедницата каде повеќето случаи се од вратени патници.

– Информациите од Викторија стануваат многу загрижувачки, рече Морисон.

Од март, Австралија дозволи само постојаните жители да влезат во земјата. Штом пристигнат, тие одат во задолжителен 14-дневен карантин во хотели, за што плаќаат државните влади.

Морисон рече дека од понеделник, Австралија ќе овозможи секоја недела да се враќаат по 4.000 лица, што е околу половина од бројот на лица кои досега се враќале. Оние што ќе се вратат ќе треба да плаќаат за нивните карантински престои.

– Одлуката што ја донесовме … е за да се осигураме дека можеме да го ставиме нашиот фокус на потребните ресурси за да спроведуваме тестирања и трагање по контактите, и да не мора ресурсите да бидат пренасочени кон други задачи, изјави Морисон пред новинарите во Канбера по состанокот на националниот кабинет.

InterServer Web Hosting and VPS