Мурињо: Само судијата не го виде пеналот врз Кејн

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо бил незадоволен од судењето на натпреварот во Бортнмут. Тотенхем одигра 0:0 против домаќинот, а Португалецот бил лут на судијата Мајкл Оливер бидејќи според него не досудил пенал за неговиот тим во петтата минута.

Судијата Пол Тирни ја чекаше одлуката на ВАР, но колегата од ВАР-собата Мајкл Оливер му сигнализирал дека немало прекршок за пенал.

„Истиот судија (Оливер) не оштети против Шефилд! Цел свет го виде ова, сите знаат дека беше пенал. Не мислам само јас така, тоа го мислат сите луѓе во светот“, беснеел Мурињо.

На крајот натпреварот заврши без голови, а Тотенхем остана на деветтото место на табелата. Во наредната рунда, на 12 јули Тотенхем ќе го пречека Арсенал.

InterServer Web Hosting and VPS