Mercedes го откри дигитализираниот ентериер на новата генерација на S-Class

Новата S-Class (W223) ќе ја има конечната презентација на крајот на летото – во септември…

Mercedes-Benz денес најави дека ќе ја збогати својата дигитална информативна платформа со дополнителен формат на вести за новата S-Class. Престижната генерација W223 ќе ни биде претставена во септември.

Во вкупно три епизоди, почнувајќи од 8 јули 2020 година, кампањата „Meet S-Class DIGITAL“ ќе ни го покаже првиот увид во некои од иновациите, што ќе повторно ќе ја лансираат S-Class во орбитата најдобриот автомобил во светот.

Иако новиот Mercedes S класа нема да биде прикажан целосно, на презентација на 8 јули, се што имаме, засега, е претходно објавениот тизер кој ја прикажува предницата на автомобилот, како и прв поглед кон MBUX информативно забавниот систем што ќе има форма на таблет.

Имено, Mercedes објави официјален тизер во кој се прикажува прилагодливиот екран кој ќе се користи за пристап до различни функции на новата S класа. Почнувајќи од HVAC систмот, па се до одмрзнувањето на задните стакла, сателитската навигација, DAB радиото, мобилниот телефон, поддржување на безжично унапредување…

Сите тие функции се интегрирани во големиот екран, бидејќи од дека контролната табла се отфрлни повеќето копчиња, па комплетниот изглед на кабината ќе биде различен од таа што можеме да го забележиме кај актуелниот автомобил.

Внатре ќе се најде и еден вид на двоен панел, слободно поставена целосно дигитална инструмент табла, правоаголни отвори за вентилација и редизајниран мултифункционален управувач.

Благодарение на неговата големина, тој ќе ги „собере“ повеќето функции, со тоа што тизерот открива дека контролите од клима-уредот се поставени на дното, а големиот навигациски екран е во горниот дел, а може да се забележи дека Mercedes S класа ќе има и напреден head-up екран.

MBUX информативно забавниот систем ќе биде претставен во текот на утрешниот ден, автомобилот ќе биде лансиран во септември, поради што премиерата и претставувањето се очекуваат во текот на летово.

InterServer Web Hosting and VPS