Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Cupra, перформанс под брендот на Seat, официјално го претстави својот прв целосно електричен модел што го понесе името el-Born…

Перформанс под- марката на шпанскиот производител на автомобили го претстави новиот електричен жежок hatchback модел Cupra el-Born. Со тоа само се потврдува самостојноста на Cupra во однос на Seat, а од друга страна ќе стане и првиот што ќе понуди електричен жежок hatchback модел во Volkswagen Group откако Cupra el-Born ќе се најде во продажба во наредната 2021 година.

Во овој миг од Компанијата не ги откри комплетните технички спецификации за електричната перформанс hatch креација што е поставен на MEB платформата на групацијата.

Но затоа потенцираат дека енергија добива од батерија со капацитет од 77 kWh а двигател е електромотор кој ги придвижува задните тркала, за вистинско спортско доживување во возењето.

Благодарение на големата батерија, автономијата на возилото со едно полнење на истата е проценета на 500 км.

Во случај кога се користи полнач за брзо полнење овој жежок hatchback од Иберискиот полуостров, за само 30-минути полнење ќе има енергија да помине уште 260 км.

Од Cupra истакнуваат дека моделот el-Born од нула до 50 км/ч ќе забрзува за 2,9 секунди, а за спринтот од 0 до 100 км/ч се уште нема официјални податоци. Покрај тоа, Шпанците додаваат дека нивниот прв електричен автомобил ќе се одликува со ексклузивно развиениот Dynamic Chassis Control Sport (DCC Sport) што ќе понуди „супериорно ниво на возачка динамика“.

Тука треба да се рече дека Cupra el-Born всушност претставува продукциска верзија на Seat el-Born концептот што беше прикажан минатата 2019 година на салонот за автомобили во Женева, но сега логото на Seat е заменето со логото на Cupra.

Електричниот жежок тркач го красат и 20-инчни тркала од лесни легури, а дизајнот е речиси идентичен со тој што беше промовирам на концептот во Женева.

Многу елементи споделуваа Cupra и Seat el-Born помеѓу кои се и кусата хауба, потоа, предната решетка, големите прозорци и спојлерот на багажникот.

Со оглед на тоа дека станува збор за перформанс автомобил, Cuprа el-Born секако се карактеризира со спортски појава што го крева адреналинот под облаци.

Кога на тоа ќе се накалемат и предниот и задниот браник, потоа пошироките прагови, како и поголемиот заден спојлер, автомобилот делува многу агресивно.

Во однос на внатрешноста воочлива сличноста со електричниот VW ID.3., сепак припаѓаат на ист концерн.

Сепак има разлики а тука тие се во нова централна конзола, нов управувач со Drive Profile Selection, како и Cupra мод копчиња, потоа спортски седишта и секако различен избор на материјали.

Познато е дека новата електрична перформанс Cupra ќе се произведува во фабриката на Volkswagen, во Цвикау, заедно со ID.3.

Ако се` се одвива според планираниот распоред на европскиот пазар би требало да се појави во 2021 година.

InterServer Web Hosting and VPS