Бездомна мачка влегла во домот на едно семејство, се омачила и добила шанса за нов живот

Претходно оваа година, една мачка лутала низ една населба во Сиетл. Таа станала приврзана за едно семејство, па влегла во нивниот стан и по еден час подоцна, семејството под масата пронашло мали мачиња.

Тие веднаш го контактирале локалниот азил за напуштени животни за мајката и бебињата да ја добијат сета потребна нега. 

 Напомош “скокнала” девојката Ешли Морисон.

“Ја одведов дом и ѝ го дадов името Моира. Беше исплашена. Не ме познаваше и не знаеше како да се однесува со луѓе. Се плашеше од мене и се качуваше по ѕидовите”, раскажала Ешли за “Love Meow”.

На Моира ѝ биле потребни денови да престане да се обидува да побегне и да се привикне на Ешли, а потоа започнала да ја покажува својата вистинска страна. Се грижела за мачињата и ѝ седела во крилото на својата привремена згрижувачка.

https://www.instagram.com/p/B_GaLN9Fq9p/?utm_source=ig_web_copy_link

“Започна вистински да ужива во вниманието. Повеќе не мораше сама да бара храна, имаше храна кога и да беше гладна и секогаш имаше некој кој ја галеше и внимаваше на неа”, додава девојката.

Задоволната Моира се научила на своето креветче и мрзеливо се протегнувала по будењето, а нејзините мачиња ја следеле својата мајка во секој чекор.

https://www.instagram.com/p/CBmoi5gJCsH/?utm_source=ig_web_copy_link

“Моира е одличен пример зошто е важно да се грижите за напуштените животни. 75 отсто од мачињата кои се раѓаат на улица не доживуваат 6 месеци старост”, раскажала Ешли која започнала да ѝ бара мирен дом на Моира во кој ќе биде безбедна и среќна мачка.

Два месеци подоцна, нејзиниот сон се остварил. Таа пронашла семејство, како и нејзините мачиња, а денес ужива во љубовта која ѝ ја пружаат новите сопственици.

InterServer Web Hosting and VPS