Малолетник ја пронашол својата баба почината во бањата

Вчера попладне малолетник во Скопје ја пронашол својата баба почината и со повреда на главата во бањата.

Според пријавеното вчера околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на ул.„Лука Геров“ во Скопје, 17 – годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81). Од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

InterServer Web Hosting and VPS