Заштита од коронавирус: Пар од Русија изградил огромна пирамида во сопствениот двор од бизарни причини

Пар од Истинка, мало село сместено на 12 километри од Санкт Петербург во Русија, изградил бетонска реплика од Големата пирамида во Гиза – во сопствениот двор.

Пирамидата на Андреј Вакрушев и неговата сопруга Викторија е 19 пати помала од египетската, која им била инспирација. Висока е 9 метри и се протега на 9 метри во длабочина. Пирамидата е направена од околу 400 тони бетонски блокови. 

Двојката вели дека со години го проучувале дизајнот на Кеопсовата пирамида и неколку пати ја посетиле за да направат детална реплика. Откако ја пресметале точната големина на нивната пирамида, Андреј и Викторија минале еден месец во потрага по градежна компанија која е подготвена да ја изгради според нивните спецификации. Бројни фирми ги одбиле, но на крајот нашле компанија на која им се допаднала идејата.

Не е јасно колку траела изградбата, но руските медиуми започнале да известуваат за неа во март. Андреј и Викторија изнеле прилично луди тврдења за својата пирамида, вклучувајќи ја и онаа дека може да ги заштити луѓето од штета и да ги излекува.

InterServer Web Hosting and VPS