16-годишник со „aуди“ излетал од пат, повредени се тој и совозачот

Возач и совозач се здобиле со телесни повреди по сообраќајна несреќа во Неготино.

„Синоќа во 00:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Неготино – автопат, пред Неготинска клучка, патничко возило „ауди а8″, со гостиварски регистарски ознаки, управувувано од 16-годишник од село Градец, излетало од коловозот и удрило во земјен пат. Во незгодата, совозачот Р.Е. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, информира МВР.

InterServer Web Hosting and VPS