Toyota RAV4 е најекономичен плаг-ин хибрид модел на американскиот пазар

Toyota реши да ја надгради својата понуда на хибриди со плаг-ин хибрид изведба на RAV4, a моделот кој ја доби наставката Prime ги потврдува своите квалитети на американскиот пазар каде првично им стана достапен на купувачите.

Американската агенција за заштита на животната средина (EPA) го тестираше RAV4 Prime во однос на економичноста и стигна до бројки кои може да бидат само комплимент за Toyota.

Со 18,1 kWh батерија, Toyota RAV4 Prime може да мине 67,6 километри на електричен погон и 965 километри на комбиниран хибриден погон, со што стигна до првата позиција според економичноста меѓу мејнстрим моделите на американскиот пазар.

Просечната потрошувачка при користењето на електричниот погон е 2,5 л/100 км, додека во комбиниран режим на возење EPA утврдила просечна потрошувачка од 6,1 литар на 100 километри.

Единствениот проблем за Toyota е што коронавирусот го искомплицира предвидениот концепт за добивање на батериите од своите партнери, па оваа година јапонскиот производител ќе може да испорача само 5.000 примероци од плаг-ин хибрид изведбата на RAV4.

InterServer Web Hosting and VPS