ПЕТМИНА ПОЧИНАА, 78 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 894 ТЕСТОВИ

Починати се 5 лица во изминатите 24 часа по компликации од коронавирус, и тоа тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:
-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 71.24,  оздравени се 3.199, починаа  346, активни се  3.579.

InterServer Web Hosting and VPS