На овој локалитет брдата ”горат” околу 100 години – никој не знае како човекот предизвикал бес во природата

Туристите многу тешко можат да стигнат до тој локалитет, а мештаните не се обидуваат ниту да пријдат таму…

Сцените за кои што пишуваме во овој текст се познати под името „Задимени брда“ – нереален локалитет.

Тешко е да се објасни како е можно овие брда да горат 100-на години наназад без прекин, но едно е сигурно – нозете на туристите тешко чекорат таму.

Станува збор за брдата кај р’тот Bathurst на северозападниот дел од територијата на Канада која што се простира покрај Арктичкиот океан.

Брдата го добиле името поради запрепастувачкиот природен феномен, запалливиот слој на лигнит кој што е богат со сумпор кој што гори и испушта чад веќе со векови.

Smoking Hills го открил европскиот истражувач Џон Френклин во текот на експедицијата во 1826-та година кога со својот брод го здогледал брдото кое што испушта чад.

https://www.instagram.com/p/B-7Nx6DhoOU/?utm_source=ig_web_copy_link

Тогаш помислил дека некој се соочува со некаков проблем, па со својата посада веднаш пристигнал на полуостровот. Но, таму немало никој.

Легендата вели дека со себе зеле парче од запалливото тло за проучување и дека истото направило дупки на бродот.

Првото населено место, се наоѓа на околу 100 километри од брдото кое што испушта чад, оттаму можно е да се договори превоз со брод или пак хеликоптер.

InterServer Web Hosting and VPS