Пронајдени 79 мигранти во камион кај Гевгелија

При контрола на товарно возило со македонски регистарски таблици вчера кај местото викано „Касарна“ во Гевгелија полицијата пронашла 79 мигранти. Возачот на возилото е лишен од слобода и предаден за натамошна постапка.

Како што информира МВР, товарното моторно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци-Стојаковово било сопрено во 12:15 часот од страна полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ со полициски службеници од Република Унгарија, во Гевгелија на место викано „Касарна“.

По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје.

InterServer Web Hosting and VPS