Храната може да биде отров, а и лек – Еве како треба да се поделат оброците и што треба да се јаде во текот на денот!

Храната е половина здравје.

Исхраната е потреба што секој човек мора да ја задоволи. Како телото ќе се однесува зависи од тоа што ќе го внесеме во нашето тело. Дали ќе бидеме витални, полни со сила и енергија, или ќе се чувствуваме уморни, без волја и слаби.

Храната му обезбедува на нашето тело многу потребни состојки – од доволна количина течност до потребните протеини, јаглехидрати, масти, витамини и минерали. Храната што ја консумираме секој ден не само што служи за задоволување на нашата потреба, туку храната треба да се користи како лек.

Изборот на храна сам по себе зависи од личниот избор, честопати е несоодветен и зависи од повеќе фактори, традиција, стекнато однесување, социјален статус, достапност на храна и времето на живеење. Влијанието на западниот начин на живот е позабележително, каде потрошувачката на полу-готова и готова храна ги менува навиките на јадење и се повеќе се консумира „во движење“ и надвор од домот.

Како да се јаде правилно?

Одржувањето на оптимална исхрана може да придонесе за подобар исход на лечењето, но и за целокупниот квалитет на животот.Рамномерно распоредените оброци во текот на денот се неопходни за енергија и хранливи материи.Поделете го дневниот внес на енергија на најмалку 3-5 оброци на ден, не прескокнувајте ги оброците и не комбинирајте ги. Ова е основа на правилна и здрава исхрана,советуваат странските медиуми.

За да си обезбедите хранливи материи и доволно енергија преку храната, треба да следите некои правила:

Појадок – најважниот оброк во денот што честопати не се консумира. Му обезбедува на организмот енергија што му е потребна за остатокот од денот. Добар пример за појадок се овесна каша со јогурт,половина чаша свежо исцеден овошен сок, интегрален леб,пецива со млечен намаз.

Меѓуоброк – заменете ги пекарските производи со свежо овошје или зеленчук, ореви или здрав сендвич што можете да го подготвите дома однапред

Ручек – салата од зеленчук со печено пилешко или интегрални  тестенини со домашен зеленчуков сос

Вечера – лесен и варен оброк богат со зеленчук и протеини. Избегнувајте храна богата со „скриени“ шеќери, како што се засладени негазирани пијалоци, преливи за салата, кечап и слични преливи кои содржат голема количина шеќер.

Со правилна организација на оброците, важно е да се има предвид дека внесувањето на одредена храна во одредено време од денот придонесува за подобра апсорпција на храната и регулирање на телесната тежина.Првиот дел од денот, од 7 до 15 часот – пожелно е да се консумираат јаглехидрати, но и овошје што помага во исфрлање на штетни материи.Вториот дел од денот, од 15-20 часот – пожелно е да се конзумира храна богата со протеини, како што се млечни производи, месо, риба, јајца, затоа што на овој начин на организмот му се обезбедуваат потребните хранливи материи, особено аминокиселините кои се клучни за одржување на мускулната маса.

Последниот оброк треба да биде 2-3 часа пред спиење и обидете се да го направите од зеленчук кој е богат со растителни влакна. Влакната во нашето тело имаат улога да ги исчистат сите штетни работи што ги внесуваме во текот на денот. Зелениот и лиснат зеленчук содржи голема количина на растителни влакна, како и моркови, кои не треба да се готват. Денот треба да го завршите со салата од свежи состојки прелиени со мала количина маслиново масло и сок од лимон.

InterServer Web Hosting and VPS