Тијана модерна и згодна на летување во Охрид

Тијана Дапчевиќ деновиве е на летување во Охрид со синот Вук и мајка ѝ Брана. Пејачката на „Инстаграм“ објави слики од семејниот одмор – прошетките низ Охрид и зајдисонцето покрај езеро. Но најмногу внимание привлече со сликите во црно бикини, голем шешир, шарена наметка и многу асесоари. Иако таа се пофали дека ужива во одморот, фановите сепак повеќе ѝ ја пофалија витата става, а искоментираа и дека изгледа многу модерно.

„Тијана блескаш, Охрид ти годи“, „Згодна си ко да имаш 25“, стои во коментарите.

Пејачката од почетокот на сезоната неколкупати претходно беше на викенди во Грција.Текстот Тијана модерна и згодна на летување во Охрид е превземен од Reporter.mk.

InterServer Web Hosting and VPS