Канје Вест влегува во претседателската трка

Раперот Канје Вест соопшти дека ќе се кандидира за претседател на претстојните избори во САД.

43-годишната рап-sвезда откри преку Твитер дека има аспирации да стане американски претседател еден ден, посочувајќи дека планира да влезе во трката оваа година.

Канје, кој има речиси 30 милиони следачи на платформата за микро-блогирање, напиша: „Сега мора да го реализираме ветувањето на Америка со верба во Бога, обединувајќи ја нашата визија и градејќи ја нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на Соединетите држави“.

Амбицијата на Канје веќе доби поддршка од технолошкиот милијардер Илон Маск. Како одговор на објавата на Канје, тој напиша: „Вие ја имате мојата целосна поддршка!“

Сопругата на Канје, Ким Кардашијан Вест, го поддржи планот на нејзиниот сопруг со објава на социјалните мрежи, дополнета со американското знаме.

Сепак, останува нејасно дали Канје сериозно има намера да се кандидира за политичка функција во ноември.

InterServer Web Hosting and VPS