Русин тешко повреден во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Штип, 29 јучи- На магистралниот пат Штип-Радовиш кај селото Лакавица на 28 јули се случил сообраќаен инцидент во кој „мерцедес“ управуван од 65-годишен Украинец, со живеалиште во Радовиш, излетал од патот.

Притоа, возачот и 63-годишен Русин кој патувал како сопатник во автомобилот, а исто така со живеалиште во Радовиш, биле пренесени во болница во Штип каде им била укажана лекарска помош.

Кај Украинецот биле констатирани телесни повреди, додека Русинот бил потешко повреден.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS