Фатих Терим му ја ветил „десетката“ на Барди во Галатасарај

Енис Барди по одличните игри за Леванте сезонава набрзина стана цел на многу шпекулации низ европските медиуми. По голот против Бетис изминатиот викенд, шпанските медиуми информираа дека Арсенал веќе подготвува понуда за македонскиот репрезентативец.

Наводно Микел Артета во нашиот интернационалец гледа идеална замена за Месут Озил, кој е далеку од врвната форма од минатото. Потоа се појавија шпекулации дека заинтересирана е и Фиорентина, а последните информации говорат дека има силен интерес и од Турција, поточно истанбулските гиганти Галатасарај и Фенербахче.

Според турски „Фотоспор“, тренерот на Галатасарај, Фатих Терим имал телефонски разговор со Барди за лично да го информира за интересот и притоа му го ветил дресот со број 10, доколку потпише за „црвено-жолтите“.

Сериозна е понудата и од Фенербахче, а нема да биде неочекувано ако и други клубови покажат интерес за нашиот репрезентативец ова лето. Барди игра во Леванте од летото 2017 година, а претходно беше дел од унгарски Ујпешт.

InterServer Web Hosting and VPS