При експлозија на гас во болница во Техеран загинаа најмалку 19 луѓе

Најмалку 19 луѓе загинаа, а деветмина се повредени во синоќешната експлозија во помала болница во северниот дел на главниот град на Иран, Техеран.

Експлозијата, во која загинаа 15 жени и четворица мажи, беше предизвикана од истекување на гас.

Во болницата за време на несреќата имало 25 вработени.

Тоа е втора експлозија во Иран за помалку од една недела. На 26 јуни се случи експлозија, исто така поради истекување на гас, во воена база во близина на Техеран.

InterServer Web Hosting and VPS