Хоџа: ДУИ има илјадници нереализирани проекти

ДУИ, по 18 години, се врати на темите што ги нарече затворени, додека ВМРО-ДПМНЕ им кажува на Албанците дека Северна Македонија во нивно владеење ќе биде само моноетничка држава, пишува на социјалните мрежи генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.

„Сега треба да процениме како е можно овие двајца (поранешни) партнери да бидат толку добро координирани само за да добијат политички поени. Реков пред неколку недели и повторно го потсетувам, не 3.000 страници на програмата колку се фали ДУИ, не дадат одговор за три проекти што ги ветуваше сите овие години и сè уште не се реализирани: патот Скопје-Блаце, патот Тетово – Јажинце, патот на Арбер – Кичево – Дебар – Блато“, нагласи Хоџа.

Тој е дециден дека има илјадници проекти кои ДУИ не ги реализирале, но ги наведува само овие 3️, бидејќи, како што вели, гласањето за бројот 3️ ќе ги испрати ДУИ во опозицијата.

„Гласањето за коалицијата ‘Можеме’ е глас кој спречува враќање на режимот, моноетничката држава, изградба на споменици, стиропорните фасади и празната реторика што не носи ништо добро за државата и животот на нејзините граѓани“, додаде Хоџа.

InterServer Web Hosting and VPS