Димитров: Капиталот што беше вложен во надворешната политика е инвестиција за иднината на економијата

На покана на претседателот Бранко Азевски, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во хотелот „Белви“ како специјален гостин присуствуваше на Собранието на Стопанската комора на Македонија, со кое претседаваше Антони Пешев. Министерот информираше за можностите коишто се отвораат за бизнис-секторот по постигнувањата на Владата во однос на реализацијата на стратешките цели.

„Изминатиов период се посветивме на создавање услови за прогрес на економијата, а со тоа и проспиретет на граѓаните. Капиталот што беше вложен во нашата надворешна политика е инвестиција за иднината на македонската економија. По членството на НАТО добивме предвидливост, можност за повеќе странски инвестиции и подобрување на кредитниот рејтинг, а отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе значи и интензивирање на соработката со претпријатијата на коишто им е потребна помош за добивање пари од европските фондови. Пред нас се клучни години. Нема подобра формула за успех на македонската економија од заедничката работа и блиска соработка на бизнисот, државата и науката“, истакна Димитров.

На средбата стана збор и за можностите за создавање ефикасен модел за поддршка на бизнисот од страна на дипломатијата, пред сè во настапот на нови пазари.

InterServer Web Hosting and VPS