Кралот на Белгија изрази жалење за колонијалното насилство во Конго

Кралот на Белгија, Филип, изрази длабоко жалење поради колонијалното насилство што го вршела Белгија во Конго од 19 век до 1960 година.

Тогаш оваа африканска земја се здоби со независност, јавува „Би-би-си“.

Белгискиот суверен изрази жалење до претседателот на Конго, Феликс Чисекеди, по повод 60-годишнината од независноста.

Илјадници Белгијци демонстрираа во последните неколку недели и бараа статуите на белгискиот колонијален лидер, кралот Леополд Втори, да бидат отстранети од јавни места.

Писмото на кралот Филип е првиот официјален израз на жалење за смртта на илјадници жители на Конго и насилството извршено од белгиската колонијална влада во оваа централноафриканска земја.

InterServer Web Hosting and VPS