Група Италијанци сексуално експлоатирале деца мигранти со бугарско, египетско и албанско потекло

Малата општина Мондрагон, на југот на Италија во близина на градот Казерта, во последниве денови беше во центарот на вниманието како ново жариште на коронавирус меѓу странските работници кои живеат и работат таму.

Револтот на странските работници против карантинот ескалираше во конфликт помеѓу локалното население и странците, а Италијанците ги обвинија странски работници, претежно Бугари, за ширење инфекција и криминал.

Но весникот „Авенира“ пишува дека жртви на криминал во тој град се странците, затоа што полицијата открила и извела пред лицето на правдата група Италијанци кои сексуално експлоатирале малолетни мигранти без родителска придружба.

Во пресудата, судијата наведува, како што пишува весникот, дека сексот со деца го плаќале по 5 или 10 евра, со пијалаци, цигари или дополнување на мобилен телефон.

Децата кои биле сексуално експлоатирани се малолетни мигранти, кои дошле во Италија без нивните родители и се со бугарско, египетско и албанско потекло.

Според „Авенира“, 62 страници од пресудата се како од хорор-филмови. Осудените Италијанци покажале суровост, ароганција, убедување дека се супериорни, неказнивост и тотален недостиг на сочувство за страдањето на малолетни лица во меѓусебните разговори, кои ги снимила полицијата.

InterServer Web Hosting and VPS