Microsoft во август ќе претстави уште една Xbox конзола

Неофицијални информации кои протекоа од Microsoft сугерираат дека компанијата би можела во следните два месеца да претстави уште една конзола од новата генерација. Според тие информации, Microsoft уште во јуни планирал да ја претстави конзолата под кодно име Lockhart, но овие планови се одложени за август. Оваа конзола би можела да го добие конечното име Xbox Series S и би претставувала поевтина верзија на Series X конзолата.

До овој заклучок дојде врз основа на документот во кој се споменува Xbox Series X devkit (кодно име „Dante“), кој би им овозможил на програмерите да го стартуваат специјалниот Lochkart мод, во кој би се намалиле перформансите на конзолата, за да симулира друга конзола. Тоа значи дека новата конзола ќе има побавен CPU, иако се претпоставува дека двете конзоли ќе имаат ист процесор, само што во поевтината варијанта ќе биде заклучен на пониска брзина (4 терафлопси, наспроти 12).

Се споменува дека поевтината конзола ќе има помалку меморија слобода за апликации (7.5 GB, наспроти 13.5 GB). Оваа конзола е осмислена како подостапна опција наменета за играње во 1080p и 1440p резолуции.

InterServer Web Hosting and VPS