Indija ги забрани TikTok, WeChat и над 50 кинески апликации

Владата на Индија забрани 59 апликации кои потекнуваат од Кина, вклучувајќи ја и TikTok апликацијата за објава на кратки видео клипови и популарниот WeChat за размена на пораки. Според наводите на индиските власти, овие апликации претставуваат опасност за државата.

Моментно владеат тензии во дипломатските односи помеѓу Индија и Кина. Бидејќи Индија нема ресурси да и се спротивстави на Кина војно и економски, оваа земја се одлучи на конфликтите да одговори дигитално. Според наводите на New York Times, кинеските компании од секторот телекомуникации и содијални мрежи веќе долго време целат на пазарот на Индија, кој има голем потенцијал. Индија претставува огромен пазар за компаниите од мобилниот сектор.

Индискиот министер за информатички технологии истакнува дека се забележани примедби од различни извори за апликациите кои сега се забранети, а кои наводно крадат и пренесуваат податоци на корисниците на неовластен начин, што бараше воведување на вонредни мерки.

InterServer Web Hosting and VPS