Битиќи: СДСМ нуди нова развојна економија која ќе биде заснована на технологии, одржливост и човечки капитал

Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, во вечерашното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, ја образложи економската програма на СДСМ со која излегува пред граѓаните во пресрет на парламентарните избори што треба да се одржат на 15 јули.

“На овие избори нудиме вистинска државничка стратегија како Македонија треба да ја видиме после пандемијата и справувањето со економската криза од невидени размери за Македонија во изминативе 30 години. Не е битен бројот на проектите и бројот на страниците во програмата, битно е кои се структурните и суштинските реформи во документот кој ќе биде претставен пред граѓаните. Ние како СДСМ на граѓаните им даваме јасен план за следните четири години. Ние нудиме нова развојна економија која ќе биде заснована на технологии, одржливост и човечкиот капитал како еден од суштинските ресурси во нашата држава којшто можеме да видиме дека во последните 30 години не беше адекватно третиран како таков, нудиме модел којшто ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места и модел што дава нови и подобри можности и шанси за сите, без разлика дали се тоа граѓани кои го зборуваат едниот или другиот јазик. Нашата програма е базирана на 6 столба: првиот столб е Нова македонска економија или рестарт на македонската економија, вториот столб е Адекватното справување со пандемијата, третиот столб е Грижа за сите, четвртиот е Ред, дисциплина и правда, петтиот е Сите за еко држава и шестиот Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ” – истакна Битиќи.

InterServer Web Hosting and VPS