Синот на Енвер Хоџа исфрлен на улица со семејството – не си ги земале ни работите, други се им украле

Синот на покојниот авторитативен албански комунистички лидер Енвер Хоџа, Иљир Хоџа, ја обвини владата за ароганција и „фашистички акт“ после што властите го исфрлиле со семејството од зградата во која живееле.

Иљир Хоџа, најстариот син на Енвер, рекол дека минатата недела властите, без претходно предупредување, на сила го исфрлиле од станот на периферијата на Тирана.

Тој рекол дека не можеле ни да си ги земат своите работи, кои како што навел, подоцна ги ограбиле други луѓе.

Во отворено писме упатено до премиерот на Албанија, Еди Рама, амбасадорите на САД и ЕУ, Хоџа споеманл „прогон на семејството Хоџа“ наведувајчи дека семејството два пати било исфлено од своите домови, сега од страна на левичарската влада, а после падот на комунистичкиот режим во 1993 одина од страна на тогашната влада на десниот центар.

„Ние претрпевме не само материјална туку и морална штета затоа што работите од нашиот дом завршија во рацете на непознати луѓе“, рекол тој.

Хоџа рекол дека ќе ја тужи владата поради кршење на човековите права и нарушување на угледот.

InterServer Web Hosting and VPS