Извештајот од распитот на Ден Дончев се изготвува, ќе биде доставен до ОЈО, најави Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на прес-конференција соопшти дека во моментов се изготвува соодветна службена белешка, односно извештај за Ден Дончев кој во текот на денешниот или утрешниот ден ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство.

На прашањето дали е готов извештајот од распитот на Ден Дончев и кога ќе биде испратен до Обвинителството, Чулев ја објасни постапката.

„Ден Дончев беше повикан како поранешен функционер во Владата. Беше извршен разговор со него со цел добивање податоци и информации во врска со објавените снимки на кои се гледа како тој зема финансиски средства. Колегите од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал извршија разговор во траење од околу 40 минути“, рече Чулев и додаде дека Дончев бил во придружба и на бранител, адвокат.

Чулев рече дека чекаат дополнителни насоки од Обвинителството. Најави доколку има потреба, МВР ќе постапува и во идни случаи на јавно објавени снимки ако, како што кажа, оценат колегите дека постојат елементи за кои треба учесниците на евентуалните настани да бидат повикани на разговор.

InterServer Web Hosting and VPS