Нова аудиоснимка и за Заев

Политичката кампања за изборите на 15 јули стана натпревар во објавување „бомби“. Така, денеска, по објавата на снимка за Мицковски, се објави и аудиоснимка во која наводно се слуша гласот на Зоран Заев, лидерот на СДСМ и лице чиј глас не може да се препознае. На Јутјуб, на каналот наречен „Зоки истина“, наводно Заев вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја е*ел“ на сите.

Во „бомбата“ гласот кој е наводно на Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто. Откако вели дека сѐ ќе собере, тој додава дека после мамето ќе им го ебе на сите кои ќе влезат кај него во коалиција.

За владиката Наум, Заев вели дека бил со сите бои измачкан, дека бил близок „со Хари, Мари“ и додава: „Не знам дали повеќе поминува време со Мијалков или со мене“.

Заев: Шарена револуција 4.8%

ХX: Која шарена револуција, тие не се партија бе. Да се формираат како партија тие …

Заев: Не може да се формираат јас го регистрирав тоа, кај ќе се формираат.

XX: Како ти го регистрира?

Заев: Па го регистрирав, шарена коалицијата ќе биде кога ќе излеземе.

XX: Шарена коалиција а?

Заев: Сѐ ќе соберам на купче и шуто и рогато. Све.

XX: И после ќе ги пуштиш низ вода.

Заев: После мамето ќе им го ебам, сите што ќе влезат кај мене во коалиција.

На втората снимка се зборува за владиката Наум.

XX: Дедо Наум?

Заев: А?

ХX: Дедо Наум, владиката?

Заев: Кој бе?

XX: Па верник.

Заев: Не бе ни он, он е близок со Хари, мари. И он не ми направи муабет за тоа. Не ок е оној наш владика е струмички, не можам да кажам дека не сум се видел со него, сум се видел.

XX: Каков човек е он?

Заев: Со сите бои обоен, измачкан.

InterServer Web Hosting and VPS