Лихштајнер го напушти Аугзбург

Швајцарскиот фудбалски интернационалец Стефан Лихштајнер ќе го напушти германскиот бундеслигаш Аугзбург. Ова го објави дефанзивниот фудбалер на бундеслигашот на својот Твитер.

– Благодарам драги фанови за поддршката. Благодарност до мојот тим. Беше забавно со вас. Ви посакувам се најдобро за иднината, напиша Лихштајнер.

Лихштајнер играше за бундеслигашот од летото 2019 година. Во сезоната 2019/2020, тој настапи на 20 натпревари во германскиот шампионат.

InterServer Web Hosting and VPS