Ирина и Бредли – ретроспектива на омилената холивудска врска која доживеа шокантно фијаско

Руската манекенка Ирина Шајк (34) во интервју признала дека се „распаѓа“ откако се раздвоила со холивудската ѕвезда Бредли Купер (45). Ѕвездата на филмот „A Star Is Born“ и супермоделот беа заедно од 2015 до 2019 година, а имаат и 3-годишна ќерка Леа Де Сејн (3). Изгледаа како совршен холивудски пар, тој беше номиниран за Оскар, а таа беше ангелот на Викторија, но по четири години од почетокот на врската, парот се разведе, а јавноста сè уште не ја знае вистинската причина. Пред Бредли, Ирина беше во врска со професионалниот фудбалер Кристијано Роналдо (35), додека Бредли беше со многу холивудски убавици.

Само неколку месеци откако Ирина го поддржа својот партнер додека имаше емотивен настап со Лејди Гага на Оскарите во 2019 година, парот се разведе, наводно заради неговата прељуба. Странските медиуми објавија дека Ирина е таа што се иселил од домот каде што живееле заедно. – Бредли беше емотивно отсутен за време на долгото снимање на филмот со Гага. Ирина и тој се обидоа да ја спасат врската, но нешто се смени – додаде изворот. Кратко време по разводот, во јануари оваа година, Ирина во интервју рече: „Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу да се биде самохрана мајка и деловна жена. Верувајте ми, има денови кога се будам и размислувам: ‘О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам “. Манекенката неодамна беше фотографирана како заминува од станот на Бредли во Њујорк, а обожавателите ширум светот се надеваат на помирување.

InterServer Web Hosting and VPS