Мицкоски не се појави на информативен разговор во ПС Центар

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица”. Од МВР потврдуваат дека наместо Мицкоски во Полициска станица се појавил неговиот адвокат.

Мицкоски требало да дојде на информативен разговор во 10 часот, но не се појавил.

Мицкоски на почетокот од месецов беше затекнат како седи во затворен дел од угостителски објект на улицата „Боемска” во Дебар маало, иако тоа со Уредба на Владата беше забрането, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тогаш интервенираше и Единицата за брзо распоредување при МВР, по дојавата дека се бришат снимки од надзорните камери на кои се гледа дека угостителот ги прекршил мерките за заштита од коронавирусот, а внатре бил Мицкоски.

InterServer Web Hosting and VPS