Стив Брус: Де Брујн ќе игра за Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус се пошегува дека големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Брујн ќе премине на „Сејнт Џејмс Парк“.

Синоќа двата клуба се сретнаа во четвртфиналето од ФА Купот, Сити победи со 2:0, а Де Брујн беше стрелец на еден од головите.

После мечот Брус беше добро расположен и ја прекина изјавата на Белгиецот за да пренесе „ексклузивна“ вест.

„Тој ќе остане. Ќе остане тука и ќе игра за нас. Тоа е ексклузивната вест од Њукасл оваа вечер. Доволно долго беше во Манчестер Сити, сега ќе дојде да игра за Њукасл“, се пошегува Брус.

InterServer Web Hosting and VPS