Артур не сака веќе да игра за Барса

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артур, кој го одработи задолжителниот лекарски преглед пред да биде комплетиран неговиот трансфер во редовите на Јувентус, не сака да ја заврши сезоната во каталонскиот клуб, пренесува „sport.es“.

Според шпанскиот портал, 23-годишниот Бразилец е незадоволен од клубот и тренерот Кике Сетиен. Се очекува Артур да се пресели во Јувентус во замена за играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ. Оваа сезона Артур одигра 27 натпревари за Барселона на кои постигна четири гола и запиша четири асистенции.

InterServer Web Hosting and VPS