Првите Polestar 2 возила пристигнаа од Кина во Европа

Белгисткото пристаниште Zeebrugge ја прими пратката на автомобили Polestar 2, кои треба да ги најдат своите крајни дестинации кај среќните сопственици во Шведска и Норвешка, а примопредавањата се предвидени за август.

Возилата кои се наменети за купувачите во Белгија, Германија, Холандија и Велика Британија ќе пристигнат наскоро во Европа, додека пак идните сопственици во Швајцарија ќе ги добијат своите возила кон крајот на оваа година.

„Ова е голем момент. Ние со ова сме чекор поблиску до приближувањето на Polestar 2 кон нашите први купувачи во Европа. Доаѓањето на првата пратка е доказ колку сме посветени на своите купувачи и колку нашето глобално работење е високо ефикасно“, изјави Томас Ингенлат, претседателот на управата на Polestar.

Покрај тоа што е целосно дигитален бренд, Polestar исто така сака да го примени пристапот во малопродажбата на автомобили, воведувајќи од ова лето таканаречени Polestar Spaces на пазарите каде што ги нудат своите автомобили. Тука заинтересираните клиенти ќе можат да го тестираат Polestar 2, додека за тест возење можат да се пријават преку интернет или лично.

Исто така, можно е автомобилот да биде испорачан на домашна адреса за тест возење. Возилата на овој електричен бренд на Volvo кои пристигнаа во Zeebrugge, ќе бидат превезени до логистичкиот центар на Polestar во Белгија поради деконзервација, подготовка и проверка пред конечно да се упатат кон своите конечни дестинации кај среќните купувачи.

InterServer Web Hosting and VPS