Косовскиот претседател Тачи ќе има обраќање за обвиненијата од Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи планира да и се обрати на нацијата на 29 јуни за обвиненијата за воени злосторства поднесени против него. Тачи првично најави дека својот говор ќе го одржи на 28 јуни, но неговата канцеларија соопшти дека настанот е одложен до следниот ден. Специјалното обвинителство во Хаг на 24 јуни покрена обвиненија за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото против Тачи и други Косовци.

Обвиненијата датираат од наводните активности за време на или по косовската војна за независност во периодот 1998-99 година, кога Тачи командуваше со Ослободителната војска на Косово.

InterServer Web Hosting and VPS