Протокол за влез во Грција од 1-ви јули

Патниците што планираат влез во Грција од 1-ви јули ќе мора 48 часа пред пристигнувањето на граница да пополнат специјален образец на интернет со лични податоци, времетраење и адреса на местото каде ќе престојуваат.

Без разлика дали пристигнуваат авионски, по копнен или морски пат, патниците по пополнувањето на специјалениот образец ќе добијат единствен баркод, според кој ќе се врши селекција за тестирање за Ковид-19.

При влез во Грција на граница ќе треба да покажат образец во електронска или печатена верзија. Туристот ќе треба да ги соопшти местата што ќе ги посети во наредните 7 дена. Во зависност од баркодот за секое лице, патниците може да бидат однесени во делот за тестирање или ќе им биде дозволено продолжување на патувањето до крајната дестинација.

Тестираните патници ќе треба да останат еден ден во самоизолација во туристичкиот објект додека не ги добијат резултатите од тестирањето. Доколку е негативен ќе можат да го продолжат летувањето, во спротивно ќе бидат ставени во 14- дневен карантин во специјално одредени хотели.

InterServer Web Hosting and VPS