Најавени промени во Windows 10 Start менито

Windows 10, помалку или повеќе, успешно им излегува во пресрет на корисничките потреби веќе пет години. Иако Microsoft во текот на годините претстави низа големи промени, Start менито не изгледа многу поинаку од кога се појави оперативниот систем во 2015. година. Тоа наскоро би требало да се промени, бидејќи промените пристигнуваат и во овој дел на Windows 10 екосистемот.

Неодамна се појавија и фотографии кои ги илустрираат идните промени и прикажуваат почисто Start мени со транспарентна позадина, како и нови Fluent Design икони. Live Tiles и натаму останува дел од дизајнот, но нивната интеграција во целост ќе биде далеку подобра. Овие промени се важни и поради големиот број грешки кои ги следат ажурирањата на Windows 10, па во септември 2019. година, и самото Start мени беше погодено. Корисниците во таа прилика добиваа пораки како „We’ll try to fix it the next time you sign in“ или „Critical Error – Your Start menu isn’t working“.

Има многумина кои тврдат дека Windows 10, а посебно верзијата 1903 е оперативен систем со најмногу грешки досега, што се повеќе влијае на популарноста на оваа Windows варијанта. Оние кои се задоволни со оваа верзија на оперативниот систем и натаму веруваат дека се ќе тргне на подобро, а промените во рамките на Start менито се важен чекор во тој правец.

Се уште не е познато кога промените ќе стигнат до корисниците, но тоа што компанијата на официјалната Microsoft 365 Facebook страници дели нови Start мени фотографии би можело да значи дека новиот дизајн пристигнува наскоро.

InterServer Web Hosting and VPS