Вака би можел да изгледа новата Lada Granta

Како би можела да изгледа надворешноста на новата генерација Лада Гранта 2021?
Според неофицијалните податоци, за една до две години АвтоВАЗ ќе претстави нова генерација на Lada Granta.

Автомобилот ќе биде дизајниран на платформата Global Access (екс V0).

Веб-страницата Lada.Online, во соработка со дизајнерите, направи претпоставка за тоа како може да изгледа надворешноста на новата генерација Grantа 2021.

Проектот го реализираше независниот дизајнер Иван Десјатниченко.

На крајот на 2019 година, извори од фабриката објавија дека инженерите направиле прелиминарен модел на новата генерација на Grantа во пластелин и 3Д анимација.

Може да се претпостави дека основата на каросеријата ќе биде земена од моделот Renault Logan. Со самото тоа, новата Granta ќе биде со поголема големина од сегашниот модел.

При изработката на скицата, земен е во предвид X-стилот на компанијата, што AvtoVAZ денес го форсира со сите свои модели (прикажана е варијанта со вдлабнатини од страните и без нив).

А идејата со фаровите беше позајмена од концептот Lada X CodeE, кој беше претставен на меѓународниот автомобилски саем во Москва во 2016 година.

InterServer Web Hosting and VPS