Телефонот на склопување на Samsung ќе почне да се продава од септември

Флексибилниот телефон на Samsung, Galaxy Fold, конечно ќе пристигне на пазарот во септември годинава. Тој за почеток ќе се најде само на некои одбрани пазари, но уште не е познато кои се тие пазари ни по која цена ќе се продава. За потсетување, Samsung во април годинава испрати на тестирање неколку од своите нови уреди кај познати медиуми и кај инфлуенсери за да ги тестираат. Но, испадна дека тоа беше грешка.

Така, Samsung го одложи лансирањето на новиот паметен телефон Galaxy Fold затоа што според луѓето кои го тестираа, екранот пукал многу брзо, па дури и се одвојувал од телефонот, а некои корисници го уништиле екранот со едноставно тргнање на заштитната фолија од него. Така, Samsung ги повлече сите уреди и ја одложи испораката на претходно нарачаните телефони на неопределено време.

На компанијата и беа потребни неколку месеци за да ги исправи сите тие грешки и уредот да го подготви да официјалното лансирање на пазарот. Како што изјавија од Samsung, го подобриле горниот заштитен слој на екранот за корисниците да не можат да го отстранат. Дополнително зајакнале некои делови од екранот за да се спречи навлегување на прашина и нечистотија која може да го оштети.

Исто така, го подобриле корисничкото искуство на Galaxy Fold со оптимизирани апликации и услуги. Моментално се вршат финалните тестови за се да биде подготвено за излегување на пазар.

InterServer Web Hosting and VPS