Џеко е петти стрелец во историјата на Рома

На првиот натпревар кој го одигра откако се рестартираше Серија А, босанецот Един Џеко постигна два гола и беше најзаслужен за триумфот над Сампдорија на домашен терен од 2:1. Освен тоа, овие два погодока го поставија на вечната листа на најдобри стрелци на Рома на петтото место со што се израмни со Педро Манфредини со 104 гола.

„Ми фалеше ова чувство на два постигнати гола на еден меч. Сезонава како да заборавив како е тоа. Треба сега да се фокусираме да победиме се до крај и да чекаме да киксира Аталанта“ – изјави Џеко по мечот.

InterServer Web Hosting and VPS