Анкета на „Телма“: СДСМ со водство пред ВМРО – ДПМНЕ од 1,6 проценти

Анкетата на Телма , спроведена од „М – Проспект“ – која ја објавуваме на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 % од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти,  За ДУИ се определиле 6,4 %, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5%.

ВМРО ДПМНЕ има предност од 3% само кај македонските гласачи, но на ниво на држава со гласовите на Албанците и другите етнички заедници коалицијата на СДСМ има предност од 1,6 процентни поени, што е скоро занемарлива и е во рамките на статистичката грешка на анкетата.

Анкетата е со статистичка грешка од 3,1 %, со ниво на доверба од 95% -изработена телефонски на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од 16 до 21 јуни годинава.

Детали, анализи и кростабулации за анктетата и предвидувањата на исходот на изборите вечерва во Топ Тема од 19 часот и 15 минути.

InterServer Web Hosting and VPS