Казахстан стави во изолација два града поради коронавирус

Казахстан затвори два града во близина на главниот град Нур-Султан за да го спречи ширењето на коронавирусот во околната покраина, објавија властите.

Патиштата што водат до градовите Коксетау и Степногорск ќе бидат блокирани со контролни пунктови, а воведен е полициски час во двата правци од 10 часот наутро до 18 часот, објави „Ројтерс“.

Властите, исто така, ги затворија сите места за забава и забранија масовни јавни собири низ покраината и го ограничија пристапот до болници и институции како што се домови за деца без родители и пензионерски домови.

Бројот на случаи на Ковид-19 во оваа централноазиска земја, што граничи со Кина и Русија, скокна речиси шест пати над 30.000, откако беше укината вонредната состојба кон средината на мај.

InterServer Web Hosting and VPS