Рикер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на кочење и на политички игри

Помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер, на денешната прес конференција со премиерот, Зоран Заев, испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ во врска со Законот за јавно обвинителство, кој треба да го дефинира новиот статус на СЈО. Тој порача дека опозицијата мора да биде конструктивна.

-Се надевам овој процес ќе заврши побрзо. Се надевам опозицијата ќе биде витална и конструктивна. Мора да се осигируваме дека истрагите ќе бидат транспарентни, а знам дека и премиерот сака да продолжи со тоа на соодветен начин. Треба да и се покаже на јавноста дека никој не е над законот – рече Рикер.

Тој изрази задоволство што во текот на денот ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого најави дека ќе се разговара и за законот за СЈО.

-Времето за политички игри, истакнување и играње со перспективите и идеите на граѓаните е поминато. Имам порака која јасна, а тоа е дека е време да се придвижат работите за доброто на земјава. Северна Македонија се движи напред, ова е клучно за процесот но и за граѓаните. Слушам од пријатели во Северна Македонија и редовно ги читам вестите, ова е нешто што граѓаните сакаат да го видат решено. Времето да се задржи ова од страна на опозицијата треба да заврши. Се надевам ќе имаат конструктивен пристап. САД сака да работи со сите политички партии во Северна Македонија, но за да го направиме тоа мора да видиме разумни напори. Законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе значи дека веќе нема да биде прашање и ЕУ ќе може наесен да ги отвори пристапните преговори. Ја поттикнувам опозицијата да се придвижи за да имаме уште поблескава иднина не само во поглед на безбедноста туку и за просперитетот за сите граѓани – рече Рикер.

InterServer Web Hosting and VPS