Џорџ Клуни има вонбрачно дете кое не го признава

Американскиот портал „Госип ком“ тврди дека актерот Џорџ Клуни има петгодишна вонбрачна ќерка со поранешната мис на Америка, Стејси Киблер. Порталот пишува дека неодамна Клуни на домашна адреса добил анонимно писмо во кое се бара да направи тест за докажување на татковството за да се утврди дали петгодишната Ава е негова ќерка. Наводно, писмото го нашла Амал, неговата сопруга. Истиот портал пишува дека Клуни одбил да направи тест и дека не го признава детето.

Ниту актерот, ниту поранешната мис засега не коментираат, иако возраста на девојчето се поклопува со времето кога Џорџ и Стејси беа во врска. Тие се гледаа неколку години, и иако светските медиуми најавуваа свадба, раскинаа во 2013 година. Клуни потоа ја запозна Амал, со која се венча во 2014 година и со која има две деца.извор: Makfax

InterServer Web Hosting and VPS