Борисов ќе плати 150 евра казна – без маска влегол во Рилскиот манастир

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе плати 150 евра казна, бидејќи влегол во затворен простор без заштитна маска, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Како што објави БТВ, Борисов бил во посета на Рилскиот манастир и влегол внатре без да стави маска. Покрај него, ќе бидат казнети и лицата од неговиот кабинет кои го придружувале, како и новинарите, снимателите, фотографите и сите останати кои не носеле маска.

Бугарија повторно воведе задолжителното носење маски во сите затворени објекти, а предвидените казни се од 150 до 500 евра.

InterServer Web Hosting and VPS